Деми Мур во шестата деценија позирала гола за насловна страна на познато списание

Точка

12/09/2019

19:19

7.080

Големина на фонт

а а а

На популарната актерка ова ѝ е вторпат да се фотографира гола за некоја насловна, а првпат тоа го направила во 1991-та година во седмиот месец од бременоста.

Славната актерка Деми Мур (56) позирала гола за октомврискиот број на списанието „Harper's Bazaar“ носејќи само розов шешир и дијамантска нараквица.

Актерката во шестата деценија од својот живот покажала витка линија и исклучително тело.

Меѓутоа, ова не е првпат актерката да позира целосно гола за насловна на некое списание.

Таа исто така во 1991-та година во поодмината бременост позирала за насловната страна на американското списание „Vanity Fair“.

На себе тогаш носела само дијамантски обетки и прстен. Тој нејзин чин предизвикал полемика и критика, а на самата Деми тоа не ѝ пречело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг