Ирак многу долго време беше во “уметнички мрак“, а оваа интересна улица во Багдад го отсликува тоа колку овој народ сака култура.
Во Багдад е целосно нормално книгите да бидат “расфрлени“ по улиците на Мутанаби.
Оваа улица е наречена по еден од најпознатите поети од арапскиот свет, познат е по книжарниците и продавниците за книги на улицата.
Во текот на ноќта книгите остануваат без надзор затоа што продавачите не се плашат дека некој ќе им ги украде. Постои дури и нивна изрека која вели дека “читателите не крадат, а крадците не читаат“.
За времето на некои владетели воглавно се продавале само верски книги, но денес тука можат да се најдат разновидни жанрови и наслови. „Улицата на книгите“ е една од првите чекори на Ирак кон модерниот поглед на животот во Багдад.
Дека ова е градот кој сака книги сведочи и изреката која вели: „Во Каиро се пишува, во Бејрута се печати, а во Багдад се чита“.