Тимот на Лос Анџелес Галакси гостуваше на Колорадо Рапидс и загуби со 2:1. Освен резултатот, она што ќе остане запаметено од овој натпревар е и една случка по последниот судиски свиреж.
Имено, двајца фанови од трибините скокнаа во теренот со намера да стигнат до Златан Ибрахимовиќ и можеби да се фотографираат со него. Едниот од фановите стигна, но во моментот кога дојде до Швеѓанецот се лизна и падна, па на обезбедувањето не му беше тешко да го собере и да го тргне на страна.
Вториот навивач пак беше веднаш отстранет од службите за ред на теренот, а и двајцата фанови станаа хит на социјалните мрежи.
Откако Златан „се ослободи“ од нив, од зад него му дојде еден противнички играч кој му го побара дресот…
what is life pic.twitter.com/87rJjI2Ob5
— LA Galaxy (@LAGalaxy) September 12, 2019