Трамп: САД треба да го рефинансираат својот долг

Макфакс

12/09/2019

09:30

1.010

Големина на фонт

а а а

Федералните резерви на САД (ФЕД) треба да ги намалат каматните стапки на нула или помалку со цел државата да почне да го рефинансира својот долг, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

,,Каматните трошоци може значително да се намалат, а во исто време значително да се продолжи периодот на отплата. Имаме голема валута, моќ и биланс на состојбата”, напиша Трамп на Твитер.

Според него, САД секогаш треба да плаќаат најниска стапка. Трамп исто така даде нов предлог, а тоа е дека државата треба да го рефинансира својот долг. Јавниот долг на САД во моментов е 22,5 билиони американски долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг