Прогноза на Ван Дер Мејде: Лукаку лесно ќе го победи Роналдо

Дерби

11/09/2019

21:45

1.793

Големина на фонт

а а а

Поранешниот холандски репрезентативец и некогашен член на Ајакс, Интер и Евертон, Енди Ван Дер Мејде верува дека Ромелу Лукаку може да ја добие битката со Кристијано Роналдо за најдобар стрелец во Серија А.

Новото засилување на Интер ја започна кампањата со два гола во првите две рунди во Калчото со што најави добра сезона сосема спротивна од минатата кога за Манчестер Јунајте даде „само“ 12 погодоци во Премиер лигата.

-Лукаку е фан на италијанскиот фудбал и мислам дека е создаден за ова натпреварување. Тој е силен и може да постигне многу голови. Тој има многу моќна физичка структура и тоа ќе ги доведе во проблеми сите италијански одбрани. Лукаку може лесно да го победи Роналдо. Каде и да играше, покажа дека знае да дава голови, тој е чист центарфор, додека Роналдо поголемиот дел од времето игра на страна, -вели Ван Дер Мејде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг