Валенсија експресно назначи нов тренер по шокантниот отказ на Марселино

Дерби

11/09/2019

20:53

1.169

Големина на фонт

а а а

Институционалната криза во Валенсија денеска е топ тема во шпанската спортска јавност, бидејќи истата резултираше со шокантен отказ на првиот тренер Марселино Гарсија Торал, само три месеци по фантастичниот успех кој го оствари тимот во Копа дел Реј.

Одговорните лица на Валенсија одлучија да му врачат отказ на Марселино, а истиот не е последица на лоши резултати, туку на расипаниот однос на релација газда-тренер. Питер Лим кој е мнозински сопственик на Валенсија донесе одлука да го „шутне“ Марселино откако дошло до нарушување на односот во последните два месеци, а иако оваа вест одекна како вистинско изненадување во шпанската јавност, сега добивме потврда дека газдата на Валенсија се имал добро испланирано.

Неполни два часа по официјалниот отказ кој му беше врачен на Марселино, Валенсија соопшти дека нов тренер на тимот ќе биде Алберт Селадес, поранешниот селектор на младинските селекции на Шпанија, односно помошникот на Хулен Лопетеги во Реал Мадрид.

– Валенсија постигна договор со Алберт Селадес. Тој ќе го преземе првиот тим откако потпиша договор до 2021 година. Вечерва ќе го одржи и првиот тренинг, – се вели во краткото соопштение на Валенсија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг