Попович одржа кошаркарска лекција на пресот по елиминацијата на Америка и ја воодушеви јавноста

Дерби

11/09/2019

20:49

2.313

Големина на фонт

а а а

Франција го приреди второто најголемо изненадување на Мундобаскетот во Кина, откако ова попладне сосема заслужено ја надигра селекцијата на Америка во четвртфиналето на турнирот.

По вчерашната елиминација на Србија, никој не очекуваше пораз и на вториот главен фаворит за титулата на Светското првенство, но така не мислеа „триколорите“ кои одиграа фантастичен натпревар, предводени од импресивните Гобер и Фурние. Во Америка, расположен беше само Донован Мичел кој постигна 29 поени, а по натпреварот и неочекуваниот исход, новинарите се обидоа да потенцираа дека репрезентацијата на САД ќе била сигурен шампион ако дел од турнирот беа главните НБА ѕвезди.

Еден од новинарите го запраша Мичел што мисли за отсуството на подобрите колеги, но Грег Попович ја презема одговорноста и со одговорот даде лекција за тоа како треба да се однесува еден тренер по пораз на неговиот тим.

– Мислам дека се покажува непочитување со тоа што се зборува за вакви работи. Недостасувал овој играч, оној играч…. Со таквите констатации, се покажува непочитување кон Франција и за играчите кои беа дел од турнирот. Франција не победи и не е важно кој беше дел од тимот. Не можам да бидам погорд на овие момци, се жртвуваа за да бидат дел од летниот камп. Никогаш немаа играно заедно, но беа како едно на теренот, се бореа и заслужуваат да добијат пофалба за тоа. Исто како што Франција заслужува пофалба за тоа што не победи. Не треба да се збори за другите момци. Нема други момци, ова беа моите момци, – порача Попович.




Спонзорирани линкови

Маркетинг