Од складиште во воена база на грчката морнарица на островот Лерос, исчезнало оружје, по што во потрагата се вклучени анти-терористичките единици на нашиот јужен сосед.
Инспекцијата деновиве утврдила дека во базата недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби.
Претходната проверка била извршена во текот на минатата година, изјави портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на прес-конференцијата, додавајќи дека има информации дека оружјето било изнесувано од воената база „малку по малку“.
Greek Navy, Anti-Terrorist Teams Hunt for Stolen Weapons https://t.co/dhECespa3l pic.twitter.com/yUAWpstqr2
— The National Herald (@NationalHerald) September 11, 2019
Според неговите зборови, најверојатно оружјето било украдено во периодот од почетокот на оваа година до летото.
Во прелиминарната истрага учествува и грчката единица за борба против тероризмот, додаде портпаролот на Владата на Грција.