Чешка го повлекува признавањето на Косово? Тоа е држава која ја водат воени злосторници

Точка

11/09/2019

15:31

6.722

Големина на фонт

а а а

„Државата која ја предводат воени злосторници не би требала да биде во заедница со демократските држави“, изјави чешкиот претседател Милош Земан и најави можно повлекување на одлуката за признавање на Косово.

„Не сум диктатор“, изјави Земан на прес-конференцијата после средбата во „четири очи“ со српскиот претседател Александар Вучиќ, на прашањето дали Србија може да очекува некоја земја од Европската унија да ја ревидира својата позиција за независноста на Косово. Земан додаде дека тоа прашање може да се постави на советувањето на уставните претставници во Прага.


„Драго ми е што господинот министер (за одбрана) Лубомир Метнар изјави дека грешка било признавањето на Косово. Тој веројатно ќе биде на моја страна, а кој ќе биде на другата страна, тоа ќе го видиме за еден месец“, изјави Земан и додаде:

„Секој политичар треба да ги брани интересите на својата држава, а не да биде марионета на странските влади, било кои“, порача чешкиот претседател.

Српските медиуми пренесуваат дека Земан на својот колега Вучиќ му рекол дека Србија и српскиот народ му се допаѓаат, а не му се допаѓа Косово. Земан меѓу другото нагласил дека Косово го водат воени злосторници, потсетувајќи дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднел оставка затоа што добил повик за сослушување во Хашкиот трибунал.


Чешкиот претседател нагласи дека сака да им се заблагодари на Србите „кои што застанале на страната на Чешка во 1938-ма и 1968-ма година кога била окупирана од Советите“.

Александар Вучиќ од друга страна најави зајакнување на економската соработка помеѓу двете земји и откри дека на почетокот на октомври Србија ќе биде гостин на таканаречената Вишеградска четворка која ја сочинуваат четирите средноевропски земји - Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг