Ова е куќата на Русинот кој го шпионираше Путин: Неговите соседи не забележале ништо чудно...

Точка

11/09/2019

15:14

2.945

Големина на фонт

а а а

Репортер на „РИА Новости“ го посети градот Стафорд во САД каде што моментално живее семејството на Олег Смоленков за кој се тврди дека е американски шпион.

Семејството на Смоленков веднаш ја напуштило куќата кога забележале дека околу нивниот дом се појавуваат новинари, дозна рускиот репортер од соседот Грег Тали кој што живее во куќата од спротива.

Тали изјави дека открил кои му се соседи дури кога на неговата врата чукнал новинар на „Дејли Бист“.

##https://twitter.com/RIA_Worldnews/status/1171601192079806464##

„Тој новинар пред некое време чукна на мојата врата, па замина во следната куќа. Потоа разговарав со мојата сосетка на која исто така новинарот ѝ се обратил и ми рече дека ѝ ги поставувал истите прашања. Со оглед на тоа што во тие моменти немаше никој во куќата на Смоленков, тој влезе во својот автомобил и чекаше да се вратат. Меѓутоа, тие кога се вратија и го забележаа, веднаш влегоа во куќата и после 15 секунди заминаа со два автомобили“, раскажува соседот на Смоленкови.

Инаку, станува збор за двокатна куќа која според документите му припаѓа на Олег Смоленков. Сите ролетни биле спуштени, а кога репортерот на „РИА Новости“ заѕвонил, никој не се појавил. Репортерот меѓу другото забележал дека се поставени и безбедносни камери.

„Го имаше вашиот акцент, да, тоа беше руски акцент. Се запознав со него кога се вселуваше. Не се сеќавам кога точно беше тоа, но знам дека беше пред 4-ти јули минатата година, затоа што заедно го гледавме огнометот на Денот на независноста“, раскажува соседот Тали.

Не пропуштајте: Откритие кое ја шокираше Москва: Американски шпион со години бил во близина на Путин!

Тали ја повикал сопругата на Олег да им се придружи на останатите жители во прославата, на што таа му одговорила дека не знае англиски јазик, па го повикала нејзиниот сопруг кој открил дека претходно живееле во Вирџинија.

Тали открива дека Олег му рекол дека моментално не е вработен и никогаш не добил впечаток дека е некаков шпион. Во соседството имало околу 40-тина куќи и сите луѓе добро се познавале, а камерите во куќата на Смоленков биле поставени и додека бил претходниот сопственик.

Никол Клементс, друга сосетка со која што репортерот на „РИА Новости“ разговарал, вели дека во таа област обично живеат поранешни припадници на ФБИ. Таа лично била вработена во разузнавачка служба.

„Има овде и поранешни војници, најчесто припадници на воената разузнавачка служба. Сето тоа е логично, затоа што во близина се наоѓа академијата на ФБИ“, раскажува Клементс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг