Тивката “џебна ракета“ од Јапонија - дебитираше малата електрична „Хонда е“

Супермен

11/09/2019

13:50

2.285

Големина на фонт

а а а

Продукциската верзија на моделот “е“ речиси е идентичен прототип на ова возило кое беше претставено во март. „Хонда е“ имаше светска премиера во актуелниот франкфуртски авто-салон, а кога подоцна ќе се појави во продажните салони купувачите ќе можат да бираат помеѓу две моторски опции.

Основниот модел за погон користи електромотор од 136 кs (100 kW), додека пак посилната варијанта опремена е со електричен агрегат од 154 ks (113 kW). Хонда се пофалила и со појак модел кој забрзува од 0 до 100 км/ч. за околу 8 секунди.


Батериите се со капацитет од 35.5 kWh, а јапонскиот произведувач тврди дека спаѓаат меѓу најкомпактните во нивната класа. „Хонда е“ според фабричките податоци со едно полнење на батеријата ќе може да помине околу 220 км, па како што велат од таа компанија, автомобилот е “совршен за секојдневно возење во урбаните средини“.

Благодарение на можностите за брзо полнење, дополнување до 80 отсто од капацитетот на батеријата се завршува за 30-тинa минути.


„Хонда е“ има погон на задните тркала, мали камери наместо огледала во надворешните ретровизори како и рачки кои се вовлекуваат во вратата.

Ентериерот исто така е непроменет во однос на оној кој го видовме во прототипот, а кој се карактеризира со дигитализирана табла со команди. Таа се состои од 12.3-инчен екран на тач.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk