Јасна порака до Американците: Ким го надгледуваше тестирањето на „супер големиот“ ракетен фрлач

Точка

11/09/2019

13:43

2.537

Големина на фонт

а а а

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун лично го надгледуваше пробното лансирање од „супер големиот“ повеќецевен ракетен фрлач, пренесуваат севернокорејските медиуми.

„Ким даде насоки за пробно лансирање од супер големиот повеќецевен ракетен фрлач“, објави државната севернокорејска агенција "KCNA" и додаде дека „ќе бидат извршени две рунди на пробно тестирање“.

Северна Кореја во текот на вчерашниот ден исто така лансираше два проектили од краток домет кои завршија во море. Проектилите биле лансирани кон Јапонското море од покраината Јужен Пјонгјанг, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, повикувајќи се од командата на јужнокорејските здружени сили.


Од таму откриле дека севернокорејските проектили летале околу 330 километри.

Пробното лансирање било изведено само неколку часа откако Северна Кореја соопшти дека е подготвена за нови преговори со Соединетите Американски Држави за својата програма за нуклеарно оружје.


Двете држави се „на мртва точка“ од февруари кога Доналд Трамп и Ким Јонг Ун не успеаа ад се договорат за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров. Северна Кореја е една од причините што Трамп синоќа го отпушти својот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

Американските медиуми пренесуваат дека токму Болтон бил виновен за неуспехот во преговорите со Северна Кореја, затоа што на Ким Јонг Ун му предложил бескомпромисни, остри барања кои што севернокорејскиот лидер веднаш ги одбил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг