Од Борусија Дортмунд потврдија дека имале разговори со Манчестер Јунајтед за Џејдон Санчо

Дерби

11/09/2019

13:25

323

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Борусија Дортмунд потврдија дека одржале преговори со Манчестер Јунајтед за евентуален трансфер на Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“.

Спортскиот директор на „милионерите“, Мајкл Зорц потврди дека се одржала средба во месец март, но истакна дека Санчо немал намера да си замине од клубот.

– Жешка тема во овој момент е Санчо и неговиот премин во Манчестер Јунајтед. Имаше и средба на која Манчестер Јунајтед го покани нашиот консултант. Но според тоа што го знам, нашиот претставник му кажал на клубот дека не е важно колку пари ќе понудат затоа што ние нема да го пуштиме во летниот преоден рок. Исто и фудбалерот немаше намери да си замине, - посочи Зорц во ексклузивно интервју за документарецот за Дортмунд на „Амазон“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг