Заев со детали од лидерската: Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот

Макфакс

11/09/2019

11:37

2.801

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев на прес-конфернеција по синоќешната лидерска средба, рече дека жали што синоќа не постигнале договор за Законот за јавното обвинителство.

Заев рече дека ВМРО-ДПМНЕ побарале предметите на СЈО пред 30 јуни 2017 година да ги преземе Обвинителството чиј што шеф ќе дојде на предлог од опозициската партија.

„Ги интересира да го спасат режимскиот криминал“, кажа премиерот пред новинарите.

Мицкоски е подготвен да ги жртвува НАТО и ЕУ за да го спаси криминалот, рече Заев.

Заев спомна и дека виновници за недобивање датум за почеток на преговорите од ЕУ ќе бидат само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата партија.

Премиерот кажа дека ја разбира реакцијата на новинарите кои синоќа ја напуштија средбата по долгочасовното чекање и одложените информации за тоа кога ќе има информација по одржувањето на лидерската средба, но како што рече работеле на тоа да се изнајде решение за проблемот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг