Вози „Пасат“ и отплаќа кредит од 6.1 милиони денари - што се крие во пријавениот имот на новиот в.д. претседател на Врховниот суд Фаик Арслани?!

Точка

11/09/2019

10:50

6.244

Големина на фонт

а а а

Како што веќе знаеме судскиот совет го разреши Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, а објаснувањето е поради непрофесионално и несовесно работење. На неговата функција, како в.д. претседател на Врховен суд поставен е судијата Фаик Арслани.

По разгледување на неговите два анкетни листа, кои можат да се најдат на страната на Државната комисија за спречување корупција може да се воочи каков имот пријавил новиот в.д. претседател на Врховниот суд.

Првиот анкетен лист е од времето кога станал јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, а втоиот кога станал судија во Врховниот суд, пренесува еМагазин.

Каков имот пријавил судијата Фаик Арслани?

Во првиот анкетен лист, Фаик како заеднички имот пријавил земјиште во селото Градец, а како личен имот куќа од 198 квадратни метри. Земјиштето и куќата се подарок.


Во вториот анкетен лист, Арслани на име на својата сопруга пријавил деловен простор во Скопје, со проценка од над 6 милиони денари, а за истиот нема проценка за квадратура што значи дека е стекнат на некој друг начин.

На име на сопругата исто така пријавил и деловен простор во Гостивар со 38 квадратни метри стекнат со договор на купопродажба, но и земјиште во Добривол и земјоделско земјиште во Гостивар и Тетово исто така стекнати со договори за купопродажба.

Како личен имот во Гостивар пријавил имот со 40 метри квадратни, за кој нема податок како е стекнат.

Од 2017-та година има кредит од 6.1 милиони долари кој сè уште го исплаќа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг