Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа со победа во поединечна конкуренција го отвори фјучерсот во Фридек-Мистек (Чешка) што се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.
Лина во почетната рунда славеше над Кристина Ене од Романија со 2-0 во сетови. Битката на теренот број четири траеше 1 час и 35 минути, а тетовката двата сета ги доби со 6-4 и 6-4.
Тетовката на овој фјучерс кој се игра на земјена подлога ќе настапи и во двојки со Валентини Граматикополу, односно македонско-грчката комбинација се први фаворити за пехарот или поточно се поставени за први носителки.