Утрово исчезна малиот Михаил од Драчево - неговата мајка со апел до сите граѓани: „Да го пронајдеме заедно моето дете“

Точка

11/09/2019

10:24

10.978

Големина на фонт

а а а

Утово, малиот Михаил Илијевски од населбата Драчево тргнал на училиште како и секое дете, но за жал не стигнал во својата училница.

Неговата мајка, во жал и очај, веднаш веста ја споделила на социјалните мрежи со желба за помош од граѓаните:

„Ве замолувам да го пронајдеме заедно мојот Михаил, последен пат е излезен од дома сабајле и не е отиден во ичилиште, случајот е пријавен во полиција“ - напишала мајката на малиот Михаил.


Михаил бил облечен во сива маичка на кимоно, сини шорцеви и “најк“ патики со бело знакче.

Малиот Михаил е ученик во трето одделение во основното училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево.

Доколку некој го види ова детенце веднаш да пријави во полиција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг