Доријан остави повеќе од 2.000 луѓе без домови: Сите се сместени во приватни центри, се размислува и за прифатилишта

Точка

10/09/2019

21:54

1.866

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на службата за управување со вонредни ситуации на Бахамите, Карл Смит, денеска рекол дека 2.043-те луѓе кои се евакуирани поради ураганот Доријан се во приватни центри на најнаселениот остров на таа држава, Провиденс, додека многумина се кај роднини и пријатели.

Смит додал дека по потреба ќе бидат отворени уште прифатни центри, пренесува АР.


Директорка на една непрофитна организација, Елутер Садиј Френсис, истакнала дека и понатаму има луѓе кои нема каде да одат.

„Вистинските размери на уништеноста на островите Абако и Гранд Бахами, допрва ќе се видат“, додала таа.


Доријан, кој на Бахамите бил ураган од 5-та категорија, нанел сериозна штета на домовите на двата северни бахамски острови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг