Ваква пченка сè уште не сте јаделе: Овој начин на подготовка ќе ви стане омилен

Точка

10/09/2019

21:19

5.450

Големина на фонт

а а а

Пченката на многумина им е омилен летен зеленчук. Некои ја сакаат варена, додека други обожуваат печена пченка - но, сега ви препорачуваме да пробате еден неверојатен рецепт за подготовка на зачинета пченка, која сигурно ќе ве воодушеви.

Покрај пченката ќе ви треба малку пармезан, бел лук, чили во прав и малку магдонос.

Исчистете ја пченката и ставете ја во добро посолена вода да се вари. Кога ќе омекне, исцедете ја, па испржете ја на шпорет. Ако сте се одлучиле за бел лук, може да го втриете во пченката и пред да го ставите на шпорет.


Испржената пченка оставете ја кратко да се излади, па посипете ја со ренданиот пармезан и останатите зачини.

Уживајте во зачинетата пикантна пченка!




Спонзорирани линкови

Маркетинг