Тони Цетински не е осуден за несреќата: “Ќе ја паметам цел живот“

Точка

10/09/2019

20:15

3.430

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот пејач и музичар, Тони Цетински, е целосно ослободен од обвинението за сообраќајната несреќа на 3-ти ноември минатата година, во која загина 62-годишен маж, пренесуваат медиумите во Хрватска.

Цетински лани во тесна уличка во Ровињ прегази пешак, кој лежел на улицата. Општинскиот суд во Пазин денеска го ослободил од обвинението на Обвинителството од Пула.

Цетински на него налетал со својот Мерцедес . Во обвинението се наведува дека седел во наведната положба, па затоа не го видел човекот, што во текот на вештачењето било побиено.

Адвокатот на Цетински се осврнал и на неговата претходна прекршочна историја, односно дека имал два прекршока во сообраќајот за неколку години, а Цетински рекол дека патувал околу 100.000 километри годишно, што не е толку страшно со оглед на времето што го поминува во неговиот автомобил.


Цетински се изјаснил во јавноста и пред судот дека жали што се случила несреќата, но тој не може да влијае на ситуацијата заради нетранспарентност на улицата и фактот дека воопшто не го видел човекот како лежи на патот.

Инаку, речиси сите интервјуирани сведоци потврдиле дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна, дека немало знак за ограничување на брзината во моментот на уличната несреќа и дека неодамна бил поставен знак за ограничување на брзината од 20 километри на час.

Судскиот процес за овој случај започна на 22-ри мај и беше затворен минатата недела.

„Она што најмногу го паметам е моментот на несреќата и фактот дека не можев да направам ништо за да ја избегнам. Не можев да му помогнам на човекот“, рекол Цетински по судењето.

„Тоа е она што ќе остане во меморијата цел живот“, додал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг