Пожари беснеат во прилепско, жителите бараат помош

Макфакс

10/09/2019

19:51

750

Големина на фонт

а а а

Гори нискостеблеста шума во прилепско и мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, додека другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, додека пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

Жителите стравуваат дека огнот може да дојде до нивните куќи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг