Родителите на невакцинираните деца кои не беа запишани на училиште со кривична до Филипче и Адеми

Точка

10/09/2019

17:10

3.018

Големина на фонт

а а а

Група на родители поднеле кривична тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование против министрите Венко Филипче, Арбер Адеми, но и директори на училишта.

Тужбата на родителите кои се застапувани од адвокатското друштво „Давидовиќ - Јанковиќ“ е поднесена до првиот човек на македонското здравство, затоа што, според адвокатот Давидовиќ, здравство нема право да се меша во образованието.

„Со ова се крши уставното право за задолжително образование, ги исклучувате и создавате необразовани деца во 21-ви век. И министерот за образование не го почитува Уставот, затоа што иако вакцинацијата е задолжителна во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, тогаш требало порано сите деца да бидат вакцинирани, а не сега на 7 години да ги тераат да примаат вакцина. Ако добиеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур“, изјави адвокатот Звонко Давидовиќ.


Сепак, првиот човек на македонското здравство, Венко Филипче не попушта - вакцинацијата на децата останува задолжителна за упис во училиште и градинка.

„Не отстапуваме од ова, ако не донесевме одлука за задолжителна вакцинација можете да замислите колку заболени и починати ќе имаше. Оваа недела ќе имаме состанок со комисијата за заразни болести да видиме дали е потребна друга препорака. Сепак, нема да се смени тоа што го бараме за упис во градинка и училиште“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство најави засилени контроли од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг