Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник – 8 Септември

Макфакс

10/09/2019

15:53

1.005

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста. Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон Денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да сее омраза и да поттикнува насилство.

„Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во Австралија.ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти. Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува деструктивно, на штета на граѓаните и државата.

Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза помеѓу граѓаните и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО. Полека но сигурно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се претвораат во грчката Златна зора.

Наместо да се приклучат кон процесот за обезбедување сигурна иднина за земјата тие разгоруваат национализам и потхрануваат лажни очекувања кај своите гласачи. Ниту Мицковски, ниту Груевски не можат да ги вратат процесите назад.Тешка лага е дека ќе го поништат преспанскиот договор. Така зборуваа и за времената спогодба, па не само што ја прифатија, туку и ја прогласија за дипломатски триумф. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Груевски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација. Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец”, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг