Нема да останете рамнодушни: Овие двајца пријатели не се виделе два дена, па се затрчале еден кон друг за искрена прегратка

Точка

10/09/2019

14:38

4.183

Големина на фонт

а а а

Снимката од две 2-годишни момчиња кои не се виделе два дена ги воодушевила корисниците на социјалните мрежи и станала вирален хит.

Максвел и неговиот пријател Финеган, очигледно едвај дочекале да поминат двата дена во кои биле разделени, па кога се сретнале на улица се затрчале еден кон друг за да се прегрнат.

Сето тоа го документирал таткото Максвел, Мајкл Киснерос и снимката ја објавил на Фејсбук.

Мајкл за „ABC News“ открил дека децата се познаваат една година и дека се неразделни.

„Кога не се заедно, постојано прашуваат еден за друг. Заедно одат на музичка работилница и сакаат да танцуваат. Двајцата се одлични во тоа“, рекол таткото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг