Реномираниот италијански медиум „Газета дело спорт“ и оваа година ги објави сите детали околу платите кои фудбалерите ќе ги заработуваат во оваа натпреварувачка сезона во Серија А.
И во оваа кампања далеку пред сите е ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо со годинашна заработка од 31 милион евра. Најблиску до него е клупскиот колега Матијс Де Лихт кој ќе „собере“ 8 милиони евра по што следуваат Гонзало Игуаин и Ромелу Лукаку (Интер) со 7,5 милиони евра годишна заработувачка.
Кога се во прашање македонските играчи во Калчото, најдоброплатен е Елиф Елмас во Наполи со 1,5 милиони евра, Илија Несторовски со 600 илјади евра е трет на листата на најскапоплатени членови во Удине, додека пак Пандев во Џенова зема скромни 350.000 евра годишно со што станува јасно дека игра повеќе од задоволство, отколку за пари.