Родригез: Се надевам ова ќе биде моја сезона во Реал

Дерби

10/09/2019

12:49

774

Големина на фонт

а а а

Колумбискиот офанзивец, Хамес Родригез ова лето повторно се врати во Реал Мадрид или поточно кажано се врати од двегодишната позајмица од Баерн Минхен кој одлучи да не ја искористи опцијата и да го откупи неговиот договор.

Често медиумите пишуваа дека за Родригез нема место во Реал, односно дека не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан и како наредна дестинација се споменуваше Наполи каде ќе имаше можсност повторно да се спои со Карло Анчелоти. Меѓутоа до договор не дојде и на крајот Хамес остана на „Сантијаго Бернабеу“, па сега неговата желба е да блесне во старо-новата средина.

- Се надевам ова ќе биде моја сезона во Реал, - порачал Родригез за „Ел Чирингито“.

Репрезентативецот на Колумбија во изминатиов период закрепнуваше од повредата, но според последните информации треба да биде фит и во комбинација за дуелот со Леванте што се игра в сабота во Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг