Контроверзниот пејач и денес е инспирација за многумина за различни теории на заговор. Иако фамата околу документарецот „Leaving Neverland“ речиси се смири, на многумина од обожавателите сè уште ги интригира бракот на Лиза Мери Присли и Мајкл Џексон.
Парот се венчал во 1994-та година, кога Џексон наголемо го обвинуваа за педофилија, а околу нивниот брак настанале многу теории на заговор, меѓу кои и таа дека тие двајца никогаш немале сексуален однос.
Ќерката на Елвис тие шпекулации неколку пати ги демантирала, а еднаш проговорела и за тоа зошто не сакала да има деца со Мајкл Џексон, иако тој многу сакал да основа семејство и да има потомство.
Во разговор со популарната водителка Опра, во една прилика Лиза Мери изјавила дека имало притисок да имаат бебе и дека и таа го сакала тоа, но не била сигурна.
„Гледав во иднината и мислев дека никогаш нема да сакам да влезам во конфликт со него поради старателство“ - изјавила и додала дека се плашела од неговата слава и вниманието кое го имал.
Исто така Џексон ѝ се заканувал дека ќе ја остави доколку не добијат деца и дека подоцна ќе добие деца со Деби Ров, што на крајот се случило. Веднаш по разводот со Лиза Мери, Џексон добил деца со некогашната медицинска сестра.