Михаел Шумахер пренесен во париската болница: Почна битката за легендата на Формула 1, следува операција која е најголема шанса за него

Супермен

10/09/2019

10:06

10.857

Големина на фонт

а а а

Михаел Шумахер, поранешниот шампион на Формула 1, примен е во болницата во Париз на тајно лечење, изјавуваат од француското списание „Ле паризиен“.

Легендарниот возач на Формула 1 и понатаму се бори со тешките повреди на главата кои ги доби во декември 2013-та година.

Шумахер не се појавил во јавноста откако пред пет години доживеа несреќа во текот на скијањето на француските Алпи.

Тој во несреќата се здобил со потешки повреди на главата и од тогаш се наоѓа во вештачки предизвикана кома.

Шумахер во понеделникот пристигнал на одделението на кардиологија во болницата „Жорж Помид“ во придружба на десетина луѓе, а причината за тоа е трансфузија на матични ќелии.


Операцијата би требало да ја направи познатиот кардиолог, професот Филип Менаш кој е член на одборот за институт за мозок, еден од пионерите во лечење со терапии на матични ќелии.

Тој бил донесен прекриен со платно преку своето тело и главата, а ќе го лечат најугледните професори хирурзи.

Лечењето би требало да се извршува во строга тајност како што било досега.

Како што наведуваат медиумите истото треба да започне во вторник, а веќе во среда Шумахер би требало да ја напушти болницата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk