ВМРО-ДПМНЕ: Градот Скопје наместо да купува службени возила да ги пошуми опожарените предели

Макфакс

09/09/2019

12:29

1.340

Големина на фонт

а а а

Иако календарски се уште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов. 2 години Шилегов, 2 години неработа, криминали, и назадување. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.

За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух.

Неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани.

Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје.

Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг