Актерката Селма Блер, одлучила да покаже како изгеда во реалниот живот борбата со мултиплекс склероза.
Откако била подложна на третман за кој не сака многу да зборува, останала без коса, а сега со фотографија на која позира со гол задник, одлучила да го означи „почетокот на својот пат кон опоравување“.
На фотографијата е облечена само во розеникаво сако со зелени линии, а интимниот дел во одрезот од огледалото го покрила со чанта во облик на рак.
„Портрет на дама“, напишала покрај фотографијата која ја направил фотографот Том Браун.