Поминал неверојатни 4 милиони километри со својот камион: За „Сканија“ нема запирање!

Точка

06/09/2019

14:02

6.270

Големина на фонт

а а а

Ова е љубов која трае и ќе трае... двајцата пријатели од Данска и Шведска се вистински маратонци.

Кога ќе направите доволно километри со камионот, веќе почнувате да го чувствувате како да ви е стар пријател, а не обично возило. Таков е односот помеѓу Данецот Леиф Ериксен и неговиот шведски камион „Сканија 142“.

Произведен во 80-тите години од минатиот век, овој камион со 14-литарски V8 мотор има поминато неверојатни 4,147,000 километри, од кои најголемиот дел со Ериксен зад воланот. Иако поминатата километража изнесува исто колку и пет пати да патувате до Месечината и назад, Ериксен вели дека немал некои поголеми проблеми со камионот.


„Годините минуваа, но јас никогаш немав никакви проблеми. Нема никакви гаранции, секако, со оглед на тоа што има поминато толку многу километри. Но, освен редовното одржување, на камионот не се направени некакви големи поправки“, вели Ериксен.

Тој саботите најчесто ги минува перејќи го својот камион и вршејќи мали поправки на овој камионски класик. Ериксен после толку години возење, вели дека знае која му е идеалната точка во возењето.


„Го возам леснои полека со брзина од 80 до 85 километри на час. Тоа е идеалната брзина, со околу 1500 вртежи во минута“, вели Ериксен.

Господинот Ериксен кој има завидна кариера, вклучувајќи превоз за познатата данска пивара "Carlsberg", вели дека сега е подготвен за одмор: „Во октомври ќе наполнам 70 години и полека доаѓа времето за пензија“.

Честитаме Леиф, одмори се, затоа што го имаш заслужено тоа!




Спонзорирани линкови

Маркетинг