Нови дестинации, постојани промени и авантури, дознајте повеќе за животот на Азра Меќич, стујардеса во Saudia Airlines

Точка

06/09/2019

08:58

9.760

Големина на фонт

а а а

Азра Меќич е 24 годишна девојка од Скопје, и веќе година дена работи во Saudia Airlines. Ја сака својата работа, авантурите, позитивните искуства и сите предности кои ги ужива како стујардеса работејќи во една од најголемите авиокомпании во светот.

1. Колку долго работиш како стујардеса во Saudia Airlines?

Како стујардеса во тимот на Saudia Airlines работам веќе година дена.


2. Што е она што ја прави оваа професија поразлична од останатите?

Да бидеш стујардеса бара посебно внимание, посветеност и смиреност, но најважно од се трпеливост и сочувство со патниците. Екипажот на летот е амбасадор на компанијата, кој треба да ја одржува репутацијата на истата, да создаде позитивно искуство за секој патник, и да се осигура дека сите на летот се безбедни и безгрижно уживаат во летот. Во оваа улога екипажот е одговорен за безбедноста и сигурноста на сите присутни на летот и на авионот. Познавањето на повеќе јазици е секогаш плус, но не е неопходно.

3. Можеш ли да споделиш некое твое омилено искуство од лет?

Едно од моите омилени искуства е всушност мојот прв лет како стујардеса, на летот Ријад - Медина и се случи на крајот на самиот лет кога еден од патниците ми подаде хартија на која рачно беше напишано дека одлично ја вршам мојата работа. Ова се ситни работи кои ме мотивираат.

4. Што мислиш дека е клучно за добра услуга?

Поголемиот дел од времето го поминувам во интеракција со патниците и се трудам да ги разберам нивните потреби. Летањето е стресно искуство за многу луѓе па поради тоа добриот однос и услуга може да им помогне на патниците да се релаксираат и да се осеќаат поопуштено за време на летот. Сакам да се осигурам дека знам точно што очекуваат и да ги разберам нивните проблеми. Најважно од се е да се изгради доверба со патниците.


5. Како би изреагирала во вoндредна ситуација за време на лет?

Пред да започнеме со работа сите од екипажот имаме целосна обука во академијата "Prince Sultan Aviation" во Једа, каде научивме дека имаме важна улога во управувањето со регулативите за федерална авијација за време на летот, како да се одбраниме ние и како да ги одбраниме патниците, како да се евакуираме за 90 секунди на вода и земја, како да се справуваме со итни случаи и како да ја користиме целата опрема. Затоа, можам да кажем дека ние сме целосно подготвени за какви било вонредни состојби.


6. Колку оваа професија влијае и го има променето твојот живот?

Мојот живот моментално е исполнет со постојани промени, авантури и нови искуства. Сакам да истражувам нови култури, да создадам нови пријателства низ целиот свет, и да откријам колку сме сите различни едни од други. Секој ден слетуваме во различни држави, имаме можност да уживаме во комфорот, имаме специјални попусти во голем број на хотели, па дури и бесплатен престој во одредени ресорти. Работењето како кабински екипаж во Saudia Airlines има многу поволности и носи големи луксузи со себе.


7. Сметаш ли дека ова е вистинската професија за тебе и дали те исполнува работата како стујардеса?

Фактот дека сум на 38.000 стапки над земјата, облаците, каде што сонцето секогаш сјае и дека имам канцеларија со поглед едноставно ме исполнува. Со сигурност можам да кажам дека ја обожавам мојата работа и не би ја променила за ниедна друга.


8. Често патуваш, колку дестинации имаш посетено од кога работиш во Saudia Airlines?

Постојано патуваме, а во текот на оваа година, работејќи во Saudia Airlines имам посетено многу различни дестинации како на пример Бахреин, Бангладеш, Египет, Етиопија, Индија

Индонезија, Јордан, Кувајт, Либан, Пакистан, Судан, Шри Ланка, Турција, ОАЕ.





Спонзорирани линкови

Маркетинг