Прва фотографија од ентериерот на освежената Лада Нива

Точка

04/09/2019

11:23

7.466

Големина на фонт

а а а

Лада Нива, односно Лада 4х4 како што е сега официјалниот назив, наскоро ќе помине низ рестилизација кој би требало во значајна мера да го освежи овој автомобил.

Еден од зачетниците на целиот SUV сегмент со децении е практично неизменет. Но, со оглед на тоа што на домашниот, руски пазар, Лада Нива започна да ги губи купувачите, челниците на АвтоВаз одлучија да направат рестилизација на овој модел.

Интернет сајтот „Лада.Онлине“ ја објави правата, неофицијална фотографија од ентериерот на освежениот 4х4. Кабината ќе биде значително поинаква од актуелниот модел, а може да се видат и поинаку обликуваните отвори за воздух, па ред на контролни копчиња. На дното од конзолата се наоѓаат два 12V влеза.


Пред возачот се наоѓа нов инструментален панел каков што е поставен и кај другите нови модели на Лада. Воланот и менувачот ја задржаа својата архаична форма, додека новитет е поголемата „фиока“ пред совозачот.

Според руските медиуми, новата Лада Нива ќе добие и нов систем за греење кој ќе биде поефикасен и помалку бучен, а освен тоа ќе бидат поставени и нови, поудобни седишта.

Лада 4х4 во периодот од јануари до јули оваа година во Русија е продадена во 17,598 примероци, што е благ пад од 1,8% во однос на резултатите остварени во истиот период минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг