Шокантна исповед на популарниот пејач: “Сакав да се самоубијам, се дрогирав и злоставував жени”

Точка

03/09/2019

09:48

7.603

Големина на фонт

а а а

Џастин Бибер објавил стравична исповед за својот живот на својот Инстаграм профил. 25-годишниот пејач и една од најголемите тинејџерски ѕвезди на сите времиња отворено признал дека до својата 19-та година имал проблеми со тешките дроги, како и дека самоубиствените мисли му биле секојдневие во еден период од животот.

Џастин вели дека животот му се свртел наопаку кога на само 13 години стана глобална сензација која милиони луѓе ја обожуваа или мразеа. Тој, како што вели, потполно го изгубил својот компас бидејќи пред полнолетството имал милиони и добивал сè што ќе посакал. Тешко се носел со подемите и падовите, а пред својата 19-та година бил зависен од дрога. 

“Ужасно е тежок притисокот за детскиот мозок да проаѓа низ таквите работи. Јас до 18-тата година воопшто немав способност за реалниот живот во реалниот свет. На тоа влијаеше и фактот дека потекнувам од нестабилно семејство”, вели пејачот и додава дека сите свои најлоши одлуки ги донел до 20-тата година.

Бибер признал и дека во еден период бил ужасен кон жените, ги злоставувал и бил бесен. Тој се дистанцирал од сите кои го сакале, а денес, благодарение на верата, е подобар човек и имал благослов да ги добие луѓето кои вистински го сакаат во својот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг