Се прошетала на црвениот тепих само во кошула: Цел свет зборува за ангелот на Викторија Сикрет, а за ова ѝ замеруваат!

Точка

30/08/2019

21:21

22.721

Големина на фонт

а а а

Која е прикладна облека за на црвениот тепих на еден од највлијателните филмски фестивали на светот?

Ова прашање покренало расправија на социјалните мрежи, а особено после појавувањето на славната манекенка Кендис Свонпул, на премиерата на филмот „Marriage Story“.


И додека ѕвездата на филмот, Скарлет Јохансон, носела гламурозен црвен фустан, како оние кои обично ги гледаме на црвениот тепих, убавата Јужноафриканка на себе носела само кошула.

Поточно, носела предимензионален пругаст модел до под задникот, кој на струкот го стегнала со дебел ремен, Лежерната комбинација ја надополнила со црни чевли со висока потпетица и неколку парчиња накит.


Со тоа дошла на црвениот тепих? - се запрашале многу фанови на филмскиот фестивал во Венеција.

„Јас во ваква кошула одам на терен, а не на гламурозни настани“, коментирале жените на социјалните мрежи.


Обожавателите на ангелот на Викторија Сикрет застанале во нејзина одбрана и заклучиле дека таа може да носи што и да посака, бидејќи изгледа неверојатно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг