Трамп ја третира Меланија како куче?! Исплива срамна снимка која покажува како американскиот претседател се однесува кон сопругата

Точка

29/08/2019

21:18

25.912

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, не го красат некои манири, па така успеа повторно да биде во центарот на вниманието поради односот кон сопругата Меланија.

Имено, снимката која се шири на социјалните мрежи, покажува како Трамп, после излегувањето од автомобилот во Дејтон во Охајо, се удира неколку пати по ногата, на начин на кој сопствениците на кучиња ги викаат своите миленици.

Бидејќи веднаш потоа се појавила Меланија, изгледало како Трамп така да ја повикува, како домашно милениче.

Еден Твитер корисник забележал дека Трамп, кој во една прилика рече дека никој не ги почитува жените повеќе од него, својата сопруга ја третира како куче.

Од друга страна има и такви кои велат дека всушност Трамп им дал знак на агендите од тајната служба дека тој тргнува. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг