Елизабета Втора низ шега се пожали од Трамп: Неговиот хеликоптер ми го уништи тревникот!

Точка

25/08/2019

20:01

4.486

Големина на фонт

а а а

Британската кралица Елизабета Втора, на шега се пожалила дека хеликоптерот на американскиот претседател, Доналд Трамп, ѝ го уништил тревникот пред Бакингемската палата, за време на неговата последна посета на Велика Британија.

„Само погледнете го мојот тревник. Уништен е“, му се пожалила кралицата на премиерот на Австралија, Скот Морисон, а пренесуваат блиски извори до кралското семејство.

Трамп на почетокот на јуни бил во официјална посета на Велика Британија. Хеликоптерите на американскиот претседател двапати слетале во близина на палатата, оставајќи длабоки траги на тревникот.


Тревникот е важен елемент на англиската градина и оваа земја има долгогодишна традиција на одржување на тревникот. Кралицата посебно е чувствителна на тоа.

Посетата на Трамп во Лондон донела многу контроверзи. Десетина илјади граѓани на Велика Британија излегле на улични протести против него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг