Го запознал на сајт за фетиши, а потоа го кастрирал: Полицијата се шокирала кога влегла во крвавиот дом на лудиот евнух! Она што го затекнале во собата ги згрозило шефовите!

Точка

25/08/2019

16:32

4.606

Големина на фонт

а а а

Еден 74-годишен маж од Флорида е уапсен бидејќи кастрирал маж кој го запознал преку онлајн фетиш сајт за евнуси.

„Овој случај е малку… чувствителен, така да кажеме. Би можеле да кажете и дека е бизарен“, објавила канцеларијата на шерифот на округот Хајлендс на Фејсбук, по повод апсењето на Гери ван Рисвик.

Рисвик, кој не е лекар ниту некогаш студирал медицина, кастрирал 53-годишен маж на 18-ти август, една недела откако го запознал на сајтот „eunuch“, наменет за луѓе кои имаат фетиш за кастрација.

Полицајците од округот Хајландс интервенирале во Себринг откако некој ја повикал службата за итни ситуации, а потоа ја спуштил слушалката. Полицијата дошла во куќата на Рисвик, а тој веднаш им признал дека штотуку кастрирал еден човек.

„Шерифите го нашле човекот како лежи на креветот со крпа преку препоните и како обилно крвари“, рекле во канцеларите ја шерифот. „Покрај креветот имаше розов контејнер во кој имаше два дела од телото кои припаѓаа на жртвата. Жртвата беше пренесена во регионалната болница и е во стабилна состојба.“

Властите соопштиле дека неименуваниот маж итно е префрлен во болница и дека моментно е во стабилна состојба.

Според полицискиот извештај, собата во која бил најден мажот била како импровизирана хируршка сала со медицинска опрема и лекови против болка.

Исто така признал дека со жртвата разговарал за кастрацијата на сајтот за евнузи. На жртвата ѝ рекол дека веќе кастрирал животни додека работел на фармата, а во 2012-та година самиот себе си го отстранил едниот тестис.

Полицајците пријавиле дека Ван Рисвик собата ја претворил во импровизирана хируршка сала со цела медицинска опрема, лекови против болки и со камера која ја снима процедурата. Тој на полицајците им признал дека се обидел да го кастрира тој човек една недела порано, но се откажал. Претходно веќе кастрирал друг човек во локален мотел пред неколку години, а и таа процедура тргнала на лошо па и тој морал итно да биде префрлен во болница.

Уапсен е и обвинет за нанесување на физички повреди и практикување на медицина без лиценца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг