Џејмс Џарлс, шминкер и Јутјуб ѕвезда, кој се нашол насред скандал со Тати Вестбрук и изгубил неколку милиони следачи, повторно е во центарот на вниманието.
20-годишниот Јутјубер, кој е активен и на другите социјални мрежи, на следачите им кажал дека неговиот Твитер профил е хакиран, но дека успеал да го врати. Како што тврди, му се заканувале со објава на гола фотографија, која тој одлучил самиот да ја објави.
„Си го вратив профилот. Ако случајно повторно бидам хакиран, еве ја единствената гола фотографија која некогаш сум ја направил. Не можете повеќе да ми се заканувате со неа. Најдете си живот“, им порачал Џејмс Џарлс.
Јутјуберот се опоравил после скандалот со Тати Вестбрук и повеќето негови следачи на Јутјуб се вратиле.