Додека Амазонија исчезнува во пламен, претседателот на Бразил се смее: Болсонаро се шегувал и правел “селфи“ на воената церемонија!

Точка

24/08/2019

15:10

1.396

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро е виден како се шегува и прави “селфи“ на церемонијата на која добил воена почест, додека во Рио де Женеиро се одржувале масовни протести поради пожарите кои беснеат во Амазонија.

Болсонаро одобрил војската да се испрати на подрачјата кои се загрозени од пожарите, а веќе од саботата бразилските сили тргнале да се распоредуваат во пограничните области, за да помогнат во гаснење на пожарите.

Вооружените сили ќе соработуваат со агенциите за јавна безбедност и заштита на животната средина.


Болсонаро на свечената церемонија е виден како испробува баретка и си прави “селфи“, а широката насмевка не ја тргал од лицето.

Тој ја примил воената почест на церемонијата за Денот на војниците во шабот на бразилската војска во Бразилија.

Истовремено во Рио де Женеиро и Сао Паоло се одржани протести против бразилската влада, бидејќи граѓаните не се задоволни од постапките во ситуацијата со пожарите.

Демонстрантите се собрале и пред бразилските дипломатски претставништва во Париз, Лондон и Женева, за да го повикаат Бразил да направи нешто повеќе во борбата против пожарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг