Френк Сталоне е музичар, а зад себе има 8 студиски албуми.
Американскиот актер Силвестер Сталоне веќе со децении важи за еден од најпопуларните холивудски ѕвезди. Неговата слава ги надминала границите на САД, а ретко кој во светот не слушнал за него.
Доколку не сте знаеле, Силвестер Сталоне има помлад брат, кој се вика Френк и кој по професија е музичар. Сталоне помладиот правел музика за филмовите на неговиот брат Силвестер, но и за други филмови.
Можеби и најпознатата филмска песна на Френк Сталоне е "Far From Ove" од остварувањето "Staying Alive", во кое главната улога ја има Џон Траволта. Оваа негова песна станала хит, а своевремено на топ листата на "Bilboard" го заземала 10-тото место.
Освен филмска музика Френк вредно работел и на соло кариерата, а зад себе има осум студиски албуми.
Дека помладиот Сталоне и натаму е во форма, сведочи снимката која неговиот брат Силвестер ја објавил на Инстаграм. На неа се гледа како Френк настапува во живо, а многумина биле воодушевени како пее и свири на гитара.
"Мојот брат Френк настапуваше во клубот Вибратос во западен Лос Анџелес. Одлична вечер, одличен пејач", го прокоментирал Силвестер настапот на својот брат.