Вода и оган? Големо “НЕ”!: Еве со кој хороскопски знак најдобро се сложувате во сексот

Точка

24/08/2019

12:36

5.631

Големина на фонт

а а а

Ако не сте сигурни дали личноста која ви се допаѓа ќе ви одговара во сексот, астрологијата може да ви разјасни некои дилеми...

Еве кои хороскопски знаци претставуваат совршени партнери, а кои никогаш не би требало да го делат креветот. 

Оган и воздух

Како што воздухот го распламтува огнот, така и припадниците на овие знаци се добра комбинација во кревет. Во огнените знаци спаѓаат Овенот, Стрелецот и Лавот кои се одликуваат со склоност кон авантури, спонтаност и непредвидливост. Тие постојано бараат промени и нови возбуди, а во партнерот бараат личност која ќе ги извади од зоната на комфорот.


Слични особини поседуваат и припадниците на воздушните знаци – Близнаци, Вага и Водолија. Нивната сексуална енергија е на високо ниво и токму поради тоа им одговараат авантуристи како што се огнените знаци. Бидејќи и едните и другите се лишени од инхибиција, сексот помеѓу овие хороскопски знаци е забавен и многу страствен.

Вода и земја

Бидејќи на земјата ѝ е потребна вода, сосема е логично дека овие астролошки знаци добро се сложуваат. Земјени знаци се Девиците, Биковите и Јарците, додека водени се Шкорпиите, Раковите и Рибите. Првите важат за силни личности, склони кон длабоки страсти, додека другите се емотивни личности кои лесно се врзуваат за партнерите. Со тоа, комбинацијата од едните и другите е идеална во креветот.


Во случај да ја започнат врската со секс, припадниците на овие знаци вообичаено остануваат долго заедно.

Кого да избегнувате?

Кога ќе се сретнат водата и огнот во креветот, сигурно ќе изостане “огнометот”. Додека првите бараат нежност и долго галење, вторите се повеќе расположени за кратки и страствени средби. По сексот, и едните и другите најчесто се многу разочарани, а сличното важи и за земјата и воздухот.

Според мислењето на астролозите, најлоша комбинација од сите знаци е Девицата и Вагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг