Излезе трејлер за новиот хорор за животот во океанските длабочини и е прилично морничав

Точка

24/08/2019

11:27

2.287

Големина на фонт

а а а

Објавен е застрашувачкиот трејлер за новиот хорор филм “Underwater” во продукција на “20th Century Fox”.

Под режисерската палка на Вилијам Јубенк, човекот кој стои зад трилерот “The Signal”, филмот следи екипаж од подводни истражувачи кои мора да се погрижат за безбедноста откако земјотрес ја разорува нивната подземна лабораторија. 

Во главната улога се појавува ѕвездата на “Twilight” – Кристен Стјуарт како Нора Прајс, храбра и силна жена која се бори со суштествата во длабочините на океанот, додека останатите членови на екипажот ги играат Винсент Касел, Џесика Хенвик, Мамуду Ати, Ти Џеј Милер и Ганер Рајт.

Судејќи според трејлерот, покрај напнатата приказна во филмот ве очекуваат и интересни, реалистични и застрашувачки визуелни ефекти, благодарение на кои ќе можете да добиете одличен впечаток за животот во океаните.

Филмот би требало да излезе на 10-ти јануари 2020 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг