Познатата манекенка, Емили Ратајковски, ги изненади фановите со последната фотографија на Инстаграм. Објави фотографија со сопругот Себастијан Бер-Меклард, а под неа напиша „мама и тато“.
Поради коментарот на фотографијата фановите во коментари ја прашуваат дали е бремена, а светските медиуми пишуват дека познатиот модел наскоро ќе стане мајка. Ниту Ратајковски, ниту нејзиниот сопруг засега немаат никаков коментар на оваа тема.
Инаку, Емили и Себастијан се венчаа по само три месеци врска, минатата година, во февруари. Таа тогаш изјави дека веднаш знаела дека тој е вистинскиот маж за неа.
„Жените секогаш знаат кој е вистинскиот. Знаев дека не треба да се дружам со Себастијан насамо додека бевме во врска, бидејќи знаев дека тој е тој. И следното што се случи беше венчавка“ изјави Емили своевремено.