Ердоган во вторник ќе допатува во Русија

Макфакс

23/08/2019

20:02

1.150

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе допатува во еднодневна официјална посета во Русија на 27 август каде со неговиот колега Владимир Путин ќе разговараат за Сирија.

Турското претседателство ова го соопшти по телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели.

Ердоган му кажал на Путин дека нападите на сириската војска во северозападниот дел од Сирија предизвикуваат хуманитарна криза и ѝ се закануваат на безбедноста на Турција.

Првиот човек на Турција најави дека за случувањата во Сирија ќе разговара телефонски и со претседателот на САД, Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг