Бразилската војска е подготвена да ја одбрани Амазонија

Макфакс

23/08/2019

18:58

1.540

Големина на фонт

а а а

Бразилската војска е подготвена да ја одбрани прашумата Амазонија, изјави командантот на вооружените сили на Бразил, Едисон Леал Пужол, додека се зголемува меѓународниот притисок врз земјата и се бара поголема акција акција во борбата против шумските пожари.

„Војниците секогаш ќе бидат подготвени да ја одбијат секоја закана“, изјави Пужол, пренесе „Ројтерс“. 

Францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претходно на „Твитер“ изразија загриженост поради рекордниот број пожари што ја зафатија Амазонија.

Макрон предупреди дека овие пожари претставуваат меѓународна криза ги повика членките на Г7 да разговараат за овој проблем на самитот што ќе се случува викендов во Франција.

„Нашата куќа гори. Буквално гори Амазонија, белите дробови на нашата планета, кои произведуваат 20 проценти од достапниот кислород на планетата. Тоа е меѓународна криза. Членови на Г7, ќе се видиме за два дена и ќе разговараме за ова прашање“, напиша Макрон на „Твитер“.

Европската Унија го поддржа предлогот на Макрон, додека бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно земјоделците нелегално да подметнуваат шумски пожари, но рече дека странците не треба да се мешаат во внатрешните прашања на Бразил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг