Во Шпанија втор смртен случај од листерија

Макфакс

23/08/2019

18:13

811

Големина на фонт

а а а

Во Шпанија почина уште едно лице од бактеријата листерија, која ја доби преку консумирање заразено свинско месо, што е втор смртен случај од избувнувањето на епидемијата, изјави денеска портпаролот на Андалузискиот здравствен секретаријат, Хозе Мигел Кисненос.

Според неговите зборови, починал 72-годишен маж кој бил во терминална фаза на рак на панкреас. 

Листеријата може да биде особено опасна за лица со слаб имунитет и трудници.

Епидемија на листерија е прогласена во Андалузија на 15 август и досега се заразени 186 лица. Првата жртва беше 90-годишна жена.

Здравствените власти во Шпанија издадоа предупредување за целата земја.

Заразеното месо е произведено во компанијата „Магрудис“ од Севиља, пренесува „Ел Паис“.

Истовремено и Светската здравствена организација соопшти дека постои можност да се појават случаи на листерија и во други земји, доколку туристите јадат заразено свинско месо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг