Цела планета е во опасност поради овој човек: Се појавија тајни документи кои откриваат што се крие позади разорните пожари во Амазонија

Точка

23/08/2019

18:53

9.153

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се надева дека ќе ги саботира напорите да се сочува Амазонија, откриваат документите кои неодамна се појавија во јавноста.

Како што се наведува, бразилската влада планира да гради мостови, автопатишта и хидроелектрани во џунглата, а со тоа се спротивставуваат на притисоците да се заштити најголемата дождовна прашума на светот.

 

Плановите ги објавил политичкиот портал “Open Democracy” во екот на пожарите кои ја пустошат Амазонија. Документите покажуваат дека биле одржувани состаноци на локални и владини претставници, а во текот на еден состанок во февруари, министрите претставиле план за спорниот регион.

“Развојните проекти мора да се применат во басенот на Амазон за тој дел од земјата да ѝ се приклучи на остатокот од државата, за да се спротивставиме на меѓународните притисоци за зачувување на оваа област. Затоа, неопходно е да изградиме хидроелектрана, мост преку Амазон и пат до границата”, пишувало на еден од слајдовите на презентацијата која била прикажана на состанокот.


Од друга страна, странските влади, невладините организации и организацијата “Gaia Amazonas” се борат за оваа област, што очигледно ги пореметува државните планови. Амазонија се нарекува и “бели дробови на светот” поради тоа што нејзините прашуми произведуваат 20 отсто од светскиот кислород. Доколку биде уништена, светот ќе се соочи со катастрофа од невидени размери, крај на светот што го знаеме, бидејќи Амазонија создава не само кислород, туку и нè заштитува од многу опасности за кои не сме свесни ни дека постојат.


За потсетување, досега се регистрирани 72.843 пожари, што е за 84 отсто повеќе од минатата година. Пожарите испуштаат огромна количина на јаглерод диоксид во атмосферата, а оваа година досега се исфрлени 228 мегатони, што е најголема количина од 2010 година.

Се испушта и јаглерод моноксид кој е токсичен во големи количини, а ветрот го однел и подалеку од јужноамериканскиот брег.


Освен тоа, размерите на сечење на амазонските шуми се толку големи што пресметките велат дека во една минута се уништува површина поголема од три фудбалски терени. Тоа значи дека наскоро би можеле да дојдеме до точка од која Амазон повеќе нема да може да закрепне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг