Путин и Ердоган разговараа за формирање уставна комисија на Сирија

Макфакс

23/08/2019

17:33

729

Големина на фонт

а а а

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, телефонски разговараа за формирање уставна комисија на Сирија која ќе изготви нов устав за земјата, соопшти Кремљ.

Разговорот бил остварен на иницијатива на турската страна. 

„Во пресрет на петтиот самит на Астанскиот процес, кој треба да се одржи во септември, тие се осврнаа на прашањата поврзани со конфликтот во Сирија, вклучително и напорите за формирање на сириската уставна комисија што ја спроведуваат Русија, Турција и Иран заедно со Обединетите нации“, се наведува во соопштението на Кремљ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг