ЕУ подготвува економски напад на САД: Ќе има царини од Брисел, најлошо ќе поминат Google, Facebook, Microsoft и гиганти како нив

Точка

23/08/2019

18:02

2.820

Големина на фонт

а а а

Европската унија развила економска програма која може да одговори на трговските ограничувања на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во документот, кој има 173 страни, се предложува Европската унија да покаже поголема одлучност во областа на трговијата и да воведе еднострани царини на роба од САД, пишува Politico. 

Сличните санкции ќе влијаат на технолошки џинови како Google, Apple, Amazon, Microsoft и Facebook, за европските земји да добијат можност да развиваат свои технолошки компании.

На тој начин авторите на документот инсистираат на поостри мерки против САД во областа на трговијата.

Весникот нагласува дека овие предлози се уште се во фаза на разгледување.

Во програмата се нагласува дека Урсула фон дер Лејен, претседателка на Европската комисија, би требало да основа Европски фонд за иднина, кој би вложил повеќе од 100 милијарди долари во акции на перспективни компании на континентот. Се планира тие во иднина да им конкурираат на американските компании.

По излегувањето на Велика Британија, Европската унија ќе биде слободна да води поизразена интервенционистичка економска политика, која Франција и Германија одамна ја поддржуваат, констатира Politico.

Трамп во текот на разговорите со новинарите и обраќањата до своите привразаници неколку пати ги осудувал земјите од ЕУ поради нивните трговски политики кон САД, тврдејќи дека Европа е полоша и од Кина.

САД и ЕУ си вовеле меѓусебни трговски царини на бројни категории на роба минатата година. Сега ЕУ се обидува да избегне воведување на нови американски царини на автомобилите од европско производство, што Трамп го користи за уценување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг